Press "Enter" to skip to content

In memoriam: Нешат Аземовски

Денес во Битола на 45 годишна возраст, по кратко боледување почина Нешат Аземовски, еден од основачите на граѓанското движење во Битола.

Аземовски битолчани ќе го патемат по првите проекти за екологија со неговата невладина “Биосфера, а потоа и по работата на невладината “Сумнал“, каде се бореше за остварување на дел од правата на ромското население.

Заедно со неговата сопруга Фатма Барјам Аземовска реализираа проекти не само во Битола, туку активно учествуваа и на меѓународни проекти, каде ги насочуваа младите битолчани на европски стандарди. Исто така и голем број битолчани ќе го паметат како човек кој со сите сотаботувал, им помогнал и ги насочил.

За себе остави и две малолетни деца.

Погребот на Аземовски ќе биде во муслиманските гробишта во Битола во 13 часот, а телото ќе биде изложено во 12 часот во џамијата наспроти Саат кулата.