Сега кога се актуелни претседателските избори, да се потсетиме дека точно пред десет години во 2009 година се одржаа локални избори за градоначалник и совет, започна да ги раскажува своите сеќавања, доајенот на битолското новинарство Димче Миновски.
-Некаде на самиот почеток на март започна кампањата и претставувањето на кандидатите за градоначалник и советници. На страната на ВМРО-ДПМНЕ беше по втор пат Владимир Талески, а на страната на СДСМ лекарката Дијана Георгиевски, раскажува Миновски, кој додава:
-Според фотографиите кампањата на ВМРО-ДПМНЕ започна во хотел “Епинал“, а кампањата на СДСМ во бар “Корзо“. Тука може да се видат кандидатите за советници на двете партии. Силвана Ангелевска беше на чело на листата на ВМРО-ДПМНЕ, а Томе Наумов на СДСМ.
Миновски вели дека имало, според него, четири кандидати за градоначалник.
-На овие избори добро се сеќавам бидејќи за прв пат се појави граѓанска листа за советници на кој јас бев носител, но за жал само за десетина гласови немавме прв независен советник. На таа листа беа Сотир Главинче, Љубо Трифуновски…

Деновиве пред 10 години: започна кампањата за локалните избори
More from БитолаMore posts in Битола »
- Деновови пред 10 години: претседателите на Србија и Македонија, Николиќ и Иванов, на средба во Битола (фото)
- Деновиве пред 10 години: отворен тренинг на тогашниот селектор Лино Червар во Битола за потенцијалните репрезентативци (фото)
- 8. пат “Трчај бе со Алпско“ во Битола – спортски празник со над 1.500 учесници од 18 земји и многу публика, низ повеќе од 100 фотографии
- Деновиве пред 10 години: 37. издание на Фестивалот “Браќа Манаки“ – “Златна камера 300“ за Јани Петери – Паси (фото)
- Деновиве пред 10 години: свеченото отворен Рускиот конзулат во Битола (фотогалерија)





