Press "Enter" to skip to content

СВР Битола: ноќеска во билијард клуб се степале две групи, користеле разни дрвени предмети

Ноќеска околу 02.20 часот во билијард клубот лоциран на улица “Батаљон Стив Наумов“ во Битола бил нарушен јавниот ред и мир со предизвикување и учество во тепачка.

Во тепачката учествувале од една страна лицата С.И. (35), К.И. (24) и Г.И.  ,а од другата страна учествувале лицата И.А (31), В.А. (35) ,С.Ж (30) и М.Р (31) сите од Битола.

Во тепачката учесниците употребувале разни дрвени предмети.        

Се преземаат мерки за расчистување на настанот.