Полициски службеници во Секторот за внатрешни работи Битола, на 4 март, извршиле контрола за брзина, зимска опрема, управување без возачка дозвола, нерегистрирани возила, непочитување првенство, исправност на возилата, товарни возила, појас, светло, 397 возила.
При контролата, констатирано е дека 19 возачи го управувале возилото со поголема максимална брзина од дозволената, 8 возачи управувале без возачка дозвола, кај еден возач има утврдено присутво на алкохол и истиот е отстранет од сообраќај.
Нерегистрирани биле 3 возила,на мобилен разговарале 3 возачи и 1 возач не користел сигурносен појас. 11 возачи се писмено опоменати, а на 38 возачи изготвени им се мандатни платни налози и ќе се соочат со соодветни глоби, а исто така изготвени се и 19 прекршочни налози.
Исто така при контролата откриени се и други 21видови останати прекршоци.





