Press "Enter" to skip to content

Билтен на МВР: тепачка во ресторан во Кравари, пожар во Црнеец

На 05 март во 21,00 часот во  ресторан во село Кравари, битолско сопственост на Д.М , од страна на лицата С.К.(45) и О.С.(48) двајцата од Битола кои биле заедно со  уште две непознати лица го нарушиле јавниот ред и мир со фрлање и кршење на чаши. 
Се преземаат мерки за расчистување на настанот. 

На 05.03.2019 година во 11.50 часот во СВР Битола било пријавено дека во атар на село Црнеец, битолско, настанал пожар во нивите, од кој биле зафатени неколку плевни. Пожарот бил изгаснат во 14.00 часот од Екипа на Територијалната противпожарна единица Битола.