Press "Enter" to skip to content

Народниот правобранител на средба со локалната власт (фото)

 

Денес во салата на Советот на општина Битола, Народниот правобранител, Иџет Мемети оствари средба со претставниците на локалната власт во Битола, како и со претставници на национални институции со седиште во овој град.Според Мемети, народниот правобранител наместо во канцеларија, постојано треба да биде на терен и во директни средби со граѓаните за поголема заштита на праватана граѓаните.

-Институцијата Народен правобранител се повеќе е препознатлива кај граѓаните. Според некои анкети голем број од граѓаните знаат дека постои, но за жал мал е бројот процентот на граѓани кои знаат што Народниот правобранител може да помогне, и во таа смисла на годишно ниво, бројот на поплаките што ги добиваме од граѓаните е околу 4.000 но дури околу 1.500 се претставки за кои ние не отвораме постапка затоа што граѓаните немаат познавања дека тоа не е надлежност на Народниот правобранител, но исто така констатираме дека во 1.200 претставки има повреда на човековите права и веднаш потоа бараме правото што им е повредено да се санира, нагласи Народниот правобранител Мемети.На интерактивната средба во Битола, Народниот правобранител Мемети потсети дека извештаите на таа институција испратени во меѓународните организации се оценувани како висококвалитетни и користат за корекции на домашните јавни власти.

Народниот правобранител ќе биде алката за подобрување на комуникацијата граѓанин-локална власт или граѓанин-централна власт, затоа има можности, особено низ соработката со меѓународните тела кои освен што ги информираме туку овозможуваме нашите критики кон властите да им бидат посочени и од меѓународните организации, беше речено денес.Според евиденцијата на Канцеларијата на Народниот правобранител во Битола, во текот на 2018 година во канцеларијата која има надлежност врз 15 општини од југозападниот дел на државата, архивирани биле доставени 367 предмети, а најмногу бројни се претставките за проблеми од сферата на правосудството, потоа следат претставки за проблеми од сферата на работните односи, а потоа следуваат проблеми со доставени претставки од сферата на урбанизмот.На јавниот настан говореше и градоначалничката на општина Битола, Наташа Петровска, според која ваквите средби придонесуваат во зголемувањето на транспарентноста на локалната самоуправа.