Press "Enter" to skip to content

Деновиве пред 10 години: засилувањата на ФК Пелистер во 2009 година

На стартот на пролетниот дел на Втората фудбалска лига, каде се натпреварува фудбалскиот клуб Пелистер, ги промовира новите засилувања, пред се битолчаните, браќата Љамчевски, кои ги постигнаа головите за вчерашната победа, доајенот на битолското и македонското спортско новинанарство, Димче Миновски, раскажува за засилувањата на Пелистер пред 10 години.
 
-Ја привршувам книгата за фудбалот во Битола, која ќе биде на околу 1.000 страници и ми падна в рака фотографија за засилувањата на Пелистер во 2009 година. Тука на фотографијата го гледам Игор Талевски-Лавци фудбалер од Битола кој покрај во Пелистер настапуваше и во клубови надвор од Битола. На фотографијата се и двајца бразилци, кои откако ја воспостави соработката со Литекс од Бугарија, во Битола ги “донесе“, тогашниот прв човек на ФК Пелистер, Гоце Силјановски-Монголо.
 
Фотографијата е направена во “тунелот“ кој ги поврзување соблекувалните и судиските простории со теренот на стадинот под “Тумбекафе“, пред почетокот на полусезоната од сезоната 2008/2009.