Press "Enter" to skip to content

СВР Битола: викендов 15 возачи под дејство на алкохол исклучени од сообраќај

Полициски службеници во Секторот за внатрешни работи Битола викендот на подрачјето на Секторот за внатрешни работи Битола извршиле контроли врз возачите и возилата и тоа  за зимска опрема, управување без возачка, нерегистрирани возила, непочитување првенство, исправност на возилата, товарни возила,  појас, светло и алкохол, во сите полициски станици.

Контролирани се вкупно 906 возила и возачи, а кај 15 возачи откриено е присуство на алкохол и истите се  исклучени од сообраќај.

При контролита, констатирано е дека 32 возачи го управувале возилото со поголема брзина од дозволената, 16 возачи управувале без возачка дозвола или со измината важност.

Кај едно возило е утврдена техничка неисправност, а на 8 возила утврдено е дека се нерегистрирани или се со измината важност на сообраќајните дозволи, 6 возачи зборувале на мобилен телефон додека управувале возило,а 1 возач извршил неправилно престигнување.

Исто така при контролата откриени се и други 35 видови останати прекршоци.