Во саботата, на 9 март, кога го празнуваме споменот на Наоѓање на главата на Свети Јован Крстител и споменот на Преподобениот Еразмо Печерски, Митрополитот Преспанско-пелагониски г. Петар во сослужение на протоереите Златко Костовски, Стеван Здравески, Душан Талевски, Димитар Михајловски и Зоран Димовски, протоѓаконот Драган Ѓорѓиевски и ѓаконот Ѓорѓи Делев, изврши Мало осветување на храмот посветен на „Света Лидија“, во Битола, која е дел од големата црква во изградба, посветена на сите Светители, на крстосницата на улиците “Партизанска“ и “Васко Карангелевски“.
После Малото советување, беше отслужена Света Божествена Литургија, со која началствуваше Митрополитот Преспанско-пелагониски г. Петар, а на Божествената Литургија, верниот народ се причести со Светите Христови Тајни.
-Лидија, благочестива жена, на која и е посветен овој Свет храм, е првата христијанка во Европа и во Македонија, а нејзиниот домот или нејзината куќа, браќа и сестри, била претворена во домашна семејна црква. Света Лидија, која е првата христијанка во Европа и првата христијанка македонка, како рамноапостолна, почнала да го проповеда Словото Божјо во Филипи и пошироко, па затоа се прославила и Господ ја примил во Царството Небесно и таму ја населил, рече Митрополитот Преспанско-пелагониски г. Петар, на Малото осветување на храмот “Света Лидија“.

Мало осветување на храмот “Света Лидија“ во Нова Битола (фото)
More from БитолаMore posts in Битола »
- Деновиве пред 10 години: Битола доби модерен терен со дренажен систем по највисоките стандарди и критериуми на УЕФА
- Деновиве пред 10 години: УКЛО Битола го прогласи Тома Фила за почесен доктор на науки (фото)
- Одбележана вековната традиција, градско-селски Велигден во Јенимаале во Битола (фото)
- Деновиве пред 10 години: во Битола десетина протести на ГДОМ за крај на кризата и вандализирањата на државните институции во Шарената револуција (фотогалерија)
- Погребението Христово, на Велик Петок, во црквата “Св. Недела“ во Битола (фотогалерија)





