На 11 март во СВР Битола било пријавено дека лицето И.Р. (55) од село Лажец го нарушил јавниот ред и мир во продавница во село Бистрица, битолско. Околу 17.30 часот полициски службеници го привеле лицето во Полициското оддделение Велушина и за време на приведувањето тој ги омаловажувал полициските службеници. По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.
На 11 март во СВР Битола било пријавено дека во атар на село Драгош настанал пожар во овоштарник сопственост на Љ.Б., при што била озгорена трева и овошни садници. Пожарот бил изгаснат.
На 11.03.2019 полициски службеници во Секторот за внатрешни работи Битола извршиле контрола за брзина, зимска опрема, управување без возачка дозвола, нерегистрирани возила, непочитување првенство, исправност на возилата, товарни возила, користење сигурносен појас, светло. При контролата, било констатирано дека 13 возачи го управувале возилото со поголема брзина од дозволената, осум возачи управувале без возачка дозвола, кај осум возачи било утврдено присутво на алкохол и тие биле исклучени од сообраќај. Нерегистрирани биле две возила, а на мобилен телефон разговарале четири возачи. Четири возачи билее писмено опоменати, а на 46 возачи им биле изготвени мандатни платни налози, а на 18 прекршочни налози. Исто така, при контролата откриени се и други 16 видови останати прекршоци.






