Press "Enter" to skip to content

Општина Битола: известување за прекин на улично осветлување

При изведување на градежни работи за дислокација на енергетски кабли кои се наоѓаат во заштитниот појас на трасата на железничката пруга, во непосредна близина на царинскиот терминал, прекинат е доводниот кабел за уличното осветлување на делницата од магистралниот пат Битола – Кравари.

Поради тоа, во овој дел на Општина Битола, два дена има прекин во уличното осветлување.

Од екипите на ЕВН, добиена е информација, дека дефектот ќе биде отстранет во текот на денешниот ден.