Во СВР Битола, К.С. (27) од Битола пријавил дека на улица „Цар Самоил“ бил физички нападнат од Ѓ.Т. (39) од Битола. По целосно документирање на настанот ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.
Истиот ден во СВР Битола било пријавено дека во село Секирани настанал пожар, при што изгореле капини, сува трева и два сандаци со пчели. Пожарот бил изгаснат од екипа на Територијалната противпожарна единица Битола.






