Претставници на дел од правните субјекти, како и физички лица, кои се сопственици на објекти и фирми во источната индустриска зона „Жито Битола-Транскоп“, одржаа работен состанок со градоначалничката Наташа Петровска, вработени во општинската администрација од Одделението за урбанистичко планирање и заштита на животната средина и претставници на Советот на Општина Битола.
На средбата се разговараше за донесувањето на детален урбанистички план за овој индустриски развоен дел од градот, каде делуваат над 50 правни и физички лица, со цел истите подобро да функционираат.
Градоначалничката Петровска ги истакна заложбите на локалната самоуправа за забрзување на процесот на донесување на планската документација во овој дел од градот. Со тоа би се отвориле можности за нови инвестиции во стопански објекти.

Ќе се изготви детален урбанистички план за индустриска зона “Жито-Битола“ (фото)
More from ВестиMore posts in Вести »
- Рустемовски освои бронза на Европското првенство, поразен во полуфиналето
- ЈКП “Водовод“ Битола: рекомтрукција на водоводна мрежа на “105-та“ улица
- Во Градскиот парк традиционален есенски крос
- Светска екслузива што ќе се памети: Оскаровецот Воли Фистер со гитара во рацете испиша историја на „Браќа Манаки“!
- СВР Битола: приведување за дрога, нападнат малолетник





