Во хотелот “Епинал“ вечерва претседателот на ПОДЕМ, проф. д-р Живко Јанкуловски, на членовите на Централниот Одбор на ПОДЕМ и го претстави кандидатот за претседаѕел на државата, проф. д- р Гордана Силјановска Давкова, која е кандидат за претседател од редовите на коалицијата За подобра Македонија.

Проф. д-р Гордана Силјановска Давкова, кандидат за претседател, им се заблагодари на присутните и на раководството на ПОДЕМ за убавиот дочек во Битола, за кој рече дека пријатно ја изненадиле.

Покрај Јанкуловски, на вечерашната средба на присутните им се обрати Александар Николовски, потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ.






