Press "Enter" to skip to content

Расцутеа бадемите над “Бадем Балари“ и “Смилевски Баир“ (фото)

Топлото време кое ја затопли Битола по долгата и студена зима само по неколку дена, со температури на ридот спроти сонце, над дваесетина степени, придонесе да расцветаат бадемите.Убавата розева боја на расцутените бадени, ја има на ридовите над “Бадем Балари“ по што и овој дел на Битола го добил името, и над “Смилевски Баир“.Но, за жал викендов, кога и се направени фотографиите, само педестина битолчани уживаа во прекрасниот поглед на Битола, и во убавите цветни аражмани од розевите цветови и зимзелените дрва.

Тие кои беа таму, само констаираа: “Е, да му беше оваа убавина на некој друг, тука ќе вриеше од луѓе, а не некогаш да ти е страв да поминеш“.

More from БитолаMore posts in Битола »