Иницијативниот одбор за формирање на Бизнис клуб заедно со дваесетина бизнисмени од градот имаше работен состанок на кој како единствена точка на дневниот ред беше усвојување на статутот на Бизнис клубот.
За статутот на Бизнис клубот – Битола, зборуваше адвокатот Васко Георгиевски, кој и го изработи статусот, а статутот по неколкуте мали технички забелешки беше акламативно донесен.
По донесувањето на Статутот, иницијативниот одбор започна со подготовка на основачкото собрание на Бизнис клубот, на кое ќе биде избран и Управен одбор кој ќе брои единаесен членови, а членовите на Управниот одбор ќе изберат претседател на Бизнис клубот – Битола.
Покрај расправата на Статутот од страна на членовите на Бизнис клубот беа искажани некои размислувања, кои ќе треба идниот Управен одбор да ги преточи во заклучоци, кои ќе бидат појдовната точка за работа на Бизнис клубот.

Бизнис клубот – Битола го подготвува основачкото собрание (фото)
More from ВестиMore posts in Вести »
- Рустемовски освои бронза на Европското првенство, поразен во полуфиналето
- ЈКП “Водовод“ Битола: рекомтрукција на водоводна мрежа на “105-та“ улица
- Во Градскиот парк традиционален есенски крос
- Светска екслузива што ќе се памети: Оскаровецот Воли Фистер со гитара во рацете испиша историја на „Браќа Манаки“!
- СВР Битола: приведување за дрога, нападнат малолетник





