Press "Enter" to skip to content

Одбележан патрониот празник и 111 години постоење на Земјоделското училиште (фото)

Во рамките на празнувањата во средното земјоделско училиште “Кузман Шапкарев“ беше отворена лабораторија за педолошка анализа на почвата, каде учениците своите теоретски знаење ќе можат и практично да ги применуваат.Средното земјоделско училиште “Кузман Шапкарев“ од Битола деновиве го празнуваше својот патрон и 111 години постоење. По тој повод  беа организирани неколку активности, а директорот, Благојче Кривевски ни рече:-Овој патронат го одбележавме со повеќе актовности, а како најзначајна за нас ќе ја споменам ново отворената лабораторија за педолошка анализа на почвата каде учениците своите теоретски знаење ќе можат и практично да ги применуваат. Истата е соодветно опремена со  апаратура и реагенси за испитување на макро елементи во почвата азот, фосфор и калиум како и киселост на почвата. Исто така во оваа лабораторија ќе се детектира  присуство на штетници на растенијата.Патрониот празник беше одбележан и со приредба која ја организира литературната секција, под менторство на професорката по македонски јазик Мери Најденовска. Учениците подготвија и ја изведоа приредбата на тема “Младоста-пролет на човековиот живот“, на која беа прочитани девет литературни творби. Покрај читањето беше изведена една музичка нумера и една денс-кореографија. Инаку, средното земјоделско училиште “Кузман Шапкарев“ од Битола година одбележува 111 години од постоењето, што го прави едно од најстарите средни училишта во државата, специјализирано за образование на земјоделски техничари.

Оваа година во Земјоделското училиште, за прв пат од постоењето беа изведени и неколку крупни реконструктивни проекти. Променета беше покривната конструкција и покривот, промената е комплетно дограмата, поправена канализацијата, дополнето со радијатори парното греење и неколку помали зафати, со што се подобрени условите за учениците и наставниот кадар во училиштето.

More from ВестиMore posts in Вести »