Деновиве сите погледи на битолчани кои поминуваат по Широк Сокак и се упатуваат кон Градскиот парк се свртени кон реконтруираната стара битолска куќа на Широк Сокак, наспроти “Аеро-клубот“ или сегашното кафуле “Аеро“.
По тргањето на заштитната ограда, поставена заради градежните работи кои се одвиваа веќе две и повеќе години, старата битолска куќа блесна со сиот свој сјај.
Сите кои поминуваат тука се воодушевуваат на тоа како е изведена реконтрукцијата и со какви материјали, но сите не кријат дека сето тоа е одлично сработено.
Сега куќата главна тема на битолчани е на кој е куќата, колку ја платил, колку чини реконтрукцијата, што ќе бил објектотот, колку ќе била киријата, кој сакал да ја земи под кирија и слично.
Сето тоа не е важно, чаршиските муабети ќе поминат, но се остане на Широк Сокак, една стара градска куќа, која ќе потсетува битолчани и намерниците на едно убаво време кои поминала одамна.
Текст и фото: С. Ристевски