По повод Денот на пролетта денес во градскиот парк се проведе втората фаза од акцијата “Дај свој придонес – засади дрво“, во која учество, освен “Интерворкс“ како иницијатор на оваа акција, се приклучуваат повеќе битолски компании, како и Општина Битола и ЈП
“Комуналец“.
“Интеворкс“, заедно со “Kromberg & Schubert“ (Кромберг & Шуберт- Битола), “Киро
Дандаро“, “Пица ресторан Кус-Кус“, “Бимилк“, “Хемометал“, “Синпекс“ ДОО (Sinpeks
DOO), и “Cylindo“ ги обезбедија садниците-донацијата која му ја донираа на Општина Битола.
Акцијата се спроведе во градкиот парк, а садници засадуваа најмалите битолчани од детските градинки, учениците од основното и средното образование, вработените во компаниите кои ги донираа садниците, а се приклулија и битолчани кои беа на прошетка во градскиот парк и дел од навладините организации, а засадувањето на садниците кои ќе го подобрат квалитетот на воздухот кој го дишеме, но воедно и ќе ни го разубават самиот парк.на јавните површини беше направено во соработка со ЈП “Комуналец Битола“.
Инаку, повикот за донација на садници беше отворен на 15.03.2019, а бројот на
предвидени садници за физички лица во оваа фаза се исполни во рекордни 60
минути! Садниците кои се донираат овој пат се “тhuja Smaragd“ со висина од 60-80
цм. Максимален број на садници кои едно лице можеше да ги добие беше 10
садници. Пријавувањето одеше според правилото “прв дојден, прв услужен”.
Во оваа фаза ќе бидат опфатени и поголем дел од јавните површини во општина
Битола на површините во сите основни училишта, градинките,
Зоолошката градина, ЈЗУ “Трифун Пановски“, како и дел од Градскиот парк.
“Интерворкс“ денес уште еднаш изрази благодарност до сите компании кои се придружија во акцијата како донатори и до Општина Битола која се согласи да биде примател на оваа донациија како и до ЈП Комуналец кој ќе помогне со засадување на
садниците на јавните површини.
Директорот на ЈП “Комуналец“ рече дека се радува на оваа акција која е поттикната од приватниот сектор во Битола и се надева на уште многу вакви акции, а градоначалничката на Битола, Наташа Петровска, се вклучи во акцијата и ја поздрави.

“Дај свој придонес- засади дрво“-здружена еко-акција на денот на пролетта (фотогалерија)
More from ВестиMore posts in Вести »
- Кадетките на Пелистер Волеј вицешампионки на Македонија
- ЈКП “Водовод“ Битола: прекинато водоснабување во близина на маркет “Анџела“
- Деновиве пред 10 години: Успешно полнолетно 18. издание на Интернационалниот фестивал на монодрамата “Битола 2016“
- Во Битола сончево со мала облачност, температурата до 15 степени
- Здружението за зачувување на делото на Анте Поповски го објави конкурсот за наградата “Антево перо 2026“





