Press "Enter" to skip to content

СВР Битола: групна тепачка и приведен на автобуска во Битола

На 21 март во Полициската станица Битола, И.Б.(18) од Битола пријавил дека околу 18.00 часот настанала физичка пресметка во која учествувале пријавителот, Л.В.(21), А.Р.(21) и Џ.В.(17), од една страна и Н.Ш.(17) и Ф.З.(17), од друга страна. сите од Битола. По документирање на настанот, против лицата ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.

Во 09.30 часот во Полициската станица Битола бил приведен 20-годишниот З.Р. од Република Албанија. Момчето било приведено поради непријавен престој во Македонија. Лицето било затекнато на автобуската станица во Битола.