Press "Enter" to skip to content

“Бис-Промет Агро Центар“ и “Симпекс“ за поубав двор на Клиничката болница (фото)

Денот на пролетта беше одбележан во Клиничката болница “Д-р Трифун Пановски“ со кој се разубави дворот на Болницата.

Компанијата “Бис-Промет Агро Центар“  донираа 100 садници ружи на Клиничката болница “Д-р Трифун Пановски“ како би помогнале за убава глетка на нашите пациенти во нивниот период на хоспитализација. Оваа компанија во 2018 го направија системот за наводнување низ целиот двор на болницата.Во рамките на акцијата “Дај свој продонес, засади дрво“, тимот на “Синпекс“ не ја одмина ни Клиничка Болница, каде околу онколошкото одделение беа посадени 100 различни садници за хортикултурно уредување. Садниците беа посадени од многу работници за хортикултурно уредување ЈП “Комуналец“ и неуморните вработени на “INTERWORKS“.

Директорот на Болницата, д-р Зоран Лазаров, кој  од негово име, од името на сите вработени како и од името на пациенти изрази благодарност за успешната соработка “Бис-Промет Агро Центар“, како и на “Синпекс“ за донацијата за садниците.