Press "Enter" to skip to content

Ротари клубот Битола Широк Сокак, донираше автомобил во Заводот “Кочо Рацин“ (фото)

Ротари Клубот Битола Широк Сокак со нова донација во Заводот за рехабилитација на деца со оштетен слух, говор и глас и други проблеми во развојот “Кочо Рацин” во Битола.

Станува збор за патничко возило кое е неопходно за дневните потреби на институцијата и децата од овој Завод.Оваа донација е реализирана заедно со Автосалонот “Пржо” од Битола, чиј сопственик е член на клубот.

Не застануваме тука, велат членовите на клубот и најавуваат во наредните месеци уште многу акции за реализиација на нивната хумана мисија.