Press "Enter" to skip to content

Билтен на МВР: во судар на “спарк“ и “корса“, кај Лисолај, тројца повредени

На крстосницата од патот село Лисолај-Битола се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „шевролет спарк“ со битолски регистарски ознаки, управувано од Д.С. (25) од село Белче, демирхисарско и патничко возило „опел корса“ со битолски регистарски ознаки, управувано од Д.М. (32) од Битола.

Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил возачот во патничкото возило „опел  корса“ и бил пренесен во Клиничка болница Битола.

Возачот на патничкото возило “шевролет спарк“ и сопатникот од другото возило се здобиле со телесни повреди.

Извршен бил увид на местото.