Press "Enter" to skip to content

Костадин Поповски-командир на ТППЕ Битола: пожарот кај Ротино и другите намерно предизвикани

По вчерашните пожари, не неколку места, а вкупно осум на различни локации, а најголем и најопасен беше пожарот во атарот на село Ротино, од кој поради ветерот, лесно можеше да се запали и моликова шума во националниот парк “Пелистер“ со свое мислење се јави и командирот на територијална против пожарна единица од Битола, Костадин Поповски.

Поповски е убеден дека најголем дел од пожарите е предизвикан намерно и вели:

-Вчерашните пожари во неколку битолски села од кои најголемиот во потпелистерското село Ротино беа намерно предизвикани. Вчера ни се случи нешто што во последните 15 години никогаш не ни се случило, а тое е за неколку часа да бидат пријавени и да се интервенира на осум пожари на различни локации. Гореше шумски пожар, имавме две опожарени куќи, пожар на отворена површина, намерно запалена депонија и најголемиот пожар беше во селото Ротино.

-ТППЕ-Битола била вклучена со цел капацитет, добила и поддршка од ТППЕ-Ресен и локални претпријатија, а најактивно беше учеството на вработените од НУ Национален парк „Пелистер“, додава Поповски, кој вели дека денес во Битола и Битолско нема активен пожар.