Press "Enter" to skip to content

Сузана Елковска: Народна техника организира натпревари за млади техничари и природници

Талентирани ученици ќе се натпреваруваат во различни дисциплини и области како роботика, астрономија, електоника, автоматика, екологија… и тоа  вкупно 23 дисциплини на регионаленм натпревар на народна техника Битола

Народна техника и оваа година ги организира натпреварите за млади техничари и природници за учениците од основните училишта од Битола и регионот. За повеќе информации околу овој регионалн натпревар  поразговаравме со Сузана Елковска, извршен директор на Народна техника Битола која за овогодинешниот регионален натпревар за млади техничари ни рече:

-На почетокот би сакала да истакнам дека овои натпревари се организирани после завршување на курсеви и обуки за ученици кои  се одржуваат во Народна техника. Тие се организираат уште на почеток на второто полугодие и тоа курсеви и обуки од различни предмети, области и дисциплини кои се функција на совладување на знаења и подготовка на учениците за натпреварите. Тие курсеви и обуки започнаа на  16 февруари, а од секое училиште се пријавуваа определен број на ученици кои секоја недела овие месеци одржуваа по еден час со едукатор од посебна област или дисциплина. На крај на овие курсеви се организира натпревар каде сите ученици ќе ги покажат своите знаења.

Регионалниот натпревар за млади техничери и природници ќе се одржи во петок на 29 март, во ОУ “Д-р Трифун Пановски“ во Битола на кој ќе учествуваат ученици од сите основни училишта во Битола и регионот Демир хисар, Могила, Новаци.

-В петок ќе се натпреваруваат во 23 различни дисциплини и тоа: астрономија, астронаутика, воздухопловно моделарство, градежништво, архитектура, бродомоделарство, екологија, електоника, автоматика, конструкторство, применета географија, метереологија, киновидеотехника,  компјутерска техника, применета биологија, применета математика, применета физика, применета хемија, сообраќајно моделарство, фотомоделарство, кинотехника на кои се пријавени повеќе од 120 ученици од целиот регион на Битола, вели Сузана Елковска.

Натпреварувачите ќе ги оценува три члена комисија која се состои од истакнати експерти од средните училишта  од областите кои се опфатени или стопанственици кои работаат во сектор на автоматика, електроника, а претседателите на комисиите  доаѓаат од Универзитетот “Св. Климент Охридски“. Тие ќе прогласат победници и тоа прво и втори место кои ќе се натпреваруваат на Државен натпревар.

-Државниот натпревар ќе се одржи на 6 април во Македонска Каменица и јас би сакала нашите клубови да учествуваат со оние кои освоиле прво и второ место односно со подвајца натпреварувачи будејќи тоа и го заслужуваме како клуб на Народна техника, додава Сузана Елковска.

Оваа година Народна техника Битола го организира 56 по ред натпревар за млади техничари и природници. Бројот на дисциплини е голем 23 и се одржале обуки за сите нив, за интересот за нив меѓу учениците бидејќи секој може да најде она шо го интересира, Сузана Елковска вели:

-Се трудиме да ги опфатиме скоро сите области и дисциплини, предмети на природни науки и техника. На овие обуки завршија повеќе од 80 кои ќе бидат и учесници на натпреварите покрај другите ученици и секој ученик да се пронајде спрема своите способности и интереси. Ова година многу интререс имаше обуката за фотографија, благодарение на социјалните мрежи, посебно инстаграм, каде фотографијата е во прв план, а со голема брзина можат да се објавуваат фотографии. Но, тука ги учиме за историјата на фотохрафијата, тука учениците ги прават своите први црно-бели фотографии, а секако дека се посветува време и за диготалната фотографија.