Синдикалната подружница РЕК “Битола“ продолува со реализација на одлуката на извршниот одбор на синдикалната организација за доделување на донации на организации и поединци, а најнова донација е донацијата во Клиничката болница “Д-р Трифун Пановски“ во Битола.
Денививе, Синдикалната подружница РЕК “Битола“ на болницата и донираше чаршафи за 35 кревети, наменети за инфектовното одделение.
Претходно имаа донации во Сојузот на слепи лица, кај децата со посебни потреби кои тренираа кошарка, во неколку училишта, кај поединци…






