Press "Enter" to skip to content

Нови “5 Сourses“ специјалитети од ресторанот на градската кафеана на хотел “Епинал“

-Кога се готви од срце и душа, секогаш има голем успех и резултат. Презентацијата со дегустација  на “5 Courses“ наиде на голем интерес кај битолчани, па затоа “Градска седенка“ ќе се организира повторно, овој пат со групата “Деспина“.Презентацијата на морска храна и вина 5 Courses под име “Градска седенка“ во ресторанот на  градска кафеана „Епинал“наиде на голем интерес кај сите битолчани сладокусци на добра храна. Шефот на кујната Алексанадар Видоевски очигледно задоволен од реакцијата на задоволните гости кои присуствуваа саботната вечер вели:-Искрено да ви кажам дека увидов дека кога се готви од срце и душа, секогаш има голем успех и резултат, така и нашата  презентацијата со дегустација  на “5 Courses“ наиде на голем интерес кај битолчани. Таа вечер, на како на нарековме “Градска седенка“ повеќе од 100 гости уживаа во добра  храна, вино и музика. Таа вечер, која беше едно неформално дружење со гостите кои беа присутни, а се наши редовни гости, заврши со аплауз упатен кон мене и мојот тим кој ја подготвувавме храната, што за нас значеше само едно, да продолжиме со вакви изненадувања.Заради големиот интерес и тоа  што многу заинтересирани битолчани останаа без резервации тимот на ресторан и кафеана при  хотел „Епинал“ повторно  организира  и друг ваков настан кој ќе се случи идната седмица. Тоа ќе биде исто така “5 Courses“ презентација со дегустација но со  ново мени со неколку видови месо  и повторно многу бараните специјалитети од морска храна.-Сакам да нагласам дека со оваа нова презентација ќе ги промовираме нашите производи кои се произведуваат во нашата групација, а тоа се одгледувањето на јагниња и производство на млечни производи од нашите бачила. Што значи сите производи кои ќе се користат во нашата кујна, дел од видовите на месо, млечните производи, риба и млечни производи се со гарантиран  врвен квалитет и свежина. Заради тоа покрај другите видови меса на менито кое ќе биде во петок, на 5 април, јагнешкото ќе биде главен специјалитет покрај специјалитетите со други видови месо. Значи и овој пат имааме интересно мени со 5 јадења, од предјадење главно со јагнешко печење со сос од тиквици, се до десерт од  печено јаболко со прелив од карамел и цимет, а секако ќе биде застапена и морската храна, вели Алексанадар Видоевски.Сите јадења ќе бидат послужени со посебно вино спрема вкусот и секако ќе има и добра музика со групата “Деспина“. Местата ќе бидат ограничени и со претходна резервација.Тимот на градската кафеана ги поканува сите сладокусци на една убава седенка со добра храна, вино и музика. 

Ж.Ристевска

More from БитолаMore posts in Битола »