Press "Enter" to skip to content

Кор биопсија на радиологија, нова дијагностика во Клиничка болница

Во службата за радиологија при Клиничка болница д-р “Трифун Пановски“ од Битола започна да се изведува нова метода на дијагностика, кор биопсијаводена под ехо.

Ова е метода која досега се изведуваше само во клиниката во Скопје сега се изведува секој четврток и кај нас со закажување по мој термин.

Дијагностичката метода ја изведува д-р Александар Димовски специјалист ренгенолог од клиниката во Битола.

Со ова ќе се намали чекањето, губењето време за одење во Скопје, а сигурни сме дека нашите пациенти ќе бидат задоволни и превентивно збринети со изведување на оваа метода во Битола како и успешно лекувани, се вели во соопшението на Клиничката болница од Битола.