Денес во средното општинско училиште “Таки Даскало“ во Битола започна реализацијата на проектот “Boost Your Green“ (“Биди зелен“) на кој учествуваат 50-тина наставници и ученици на таканаречената активност за учење, настава и обука во рамките на овој межународен проект.
-Домаќин на оваа активност е средното општинско училиште “Таки Даскало“, а проектот е во рамките на “Ерасмус +“, која е водечка програма Европската Комисија, фокусирана на образованието, обуката, младите и спортот. Главна цел на овој проект е “зеленото образование“ и неговите различни начини на интеграција во образовните системи во Европската унија, како една од централните точки на интерес во нашите заедници, рече директорката на средното општинско училиште “Таки Даскало“, Елизабета , и додаде:
–Преку активностите, кои започнаа денес, а ќе траат до 5 април, присуствуваат ученици и наставници од партнерските училишта од Истанбул-Турција, Тагровиште-Бугарија, Вила Верде-Португалија, Баја Маре од Романија и Авр-Франција учениците ќе ги развијат своите “зелени“ вештини додека работат на ваков иновативен и меѓународен проект.
-Поради тоа што има многу културни разлики меѓу земјите партнери, овој проект ќе им даде на учесниците одлична можност да се здобијат и да ги подобрат вештините во однос на тимската работа, социјалните односи, планирањето и спроведувањето на проектните активности и користење на индормации, беше речено на започнувањето на проектот, рече Гордана Јордева, координатор на проектот.
Сето ова е начин како да учат од едни од други како да се грижат за животната средина, што е клучен фактор за успешна реализација на проектот.
Учесниците ги поздрави и им посака убав престој во Битола, градоначалничката на Битола, Наташа Петровска, а презентација за Битола одржа Емилија Сарафска.
Во рамките на проектот средното општинско училиште “Таки Даскало“, како домаќин ќе организира посета на соларна централа, на етно-куќа со традиционална “од нива на трпеза“ храна, на природонаучен музеј, прочистителна станица за вода, нагледни часови во училиштето, запознавање на историски места, а ќе се организираат и многу работилници позврзани со овие посети.

Започна проектот “Boost Your Green“ – “Биди зелен“ (фотогалерија)
More from ВестиMore posts in Вести »
- Средба на пријателството – Inner Wheel Club Bitola во Измир (фотогалерија)
- Кадетките на Пелистер Волеј вицешампионки на Македонија
- ЈКП “Водовод“ Битола: прекинато водоснабување во близина на маркет “Анџела“
- Деновиве пред 10 години: Успешно полнолетно 18. издание на Интернационалниот фестивал на монодрамата “Битола 2016“
- Во Битола сончево со мала облачност, температурата до 15 степени





