Press "Enter" to skip to content

“Кромберг & Шуберт“ со четири стипендии за студенти од прва година

Во рамките на соработката помеѓу Универзитетот “Св. Климент Охридски“ – Битола преку Центарот за Кариера, Алумни и Доживотно учење (КРЕДО центар) и “Кромберг & Шуберт Македонија“ ДООЕЛ Битола, а во насока  на професионално усовршување на млади и талентирани студенти, ќе додели 4 стипендии.

Стипендиите се наменети за студенти од Универзитетот “Св. Климент Охридски“ – Битола кои прв пат се запишале во прва година, во академската 2018/2019 и тоа:

-за технички факултет – Битола 2 стипендии за студентите од студиската програма Индустриско инженерство и менаџмент и  1 стипендија за студентите од студиската програма Машинство

-за економски факултет – Прилеп, 1 стипендија

Висина на стипендијата е 6.000 денари, за период од 10 месеци, колку што трае редовната школска година, а просекот на оценките да не биде помал од 8,0.

Рокот за пријавување е до 12 април.