Press "Enter" to skip to content

По изработениот проект за Офицерски дом, денес јавна расправа (фото)

Во салата на Советот на општина Битола се одржа јавна расправа за изработениот проект за за адаптација и реставрација на Офицерскиот дом.

Проектот го изработи проектантска куќа “Глобал“, а за него зборуваше Витомор Савиќ, конзерватор-проектант.Денес за прв пат пред јавноста преку јавна расправа беше презентиран проектот за адаптација и реставрација на Офицерскиот дом, за кој Општина Битола аплицираше на проект од ИПА програмата за “Локална и регионална конкурентност“.-Со овој проект за Офицерски дом се поминати сите фази и е добиена апликација за финансирање, а последната фаза е денешната јавна расправа и дебата. По ова ќе следи потпишување договор за добивање на овој грант, рече координатор на проектот, Зора Симјановска.Според проектантот, конзерваторот Витомор Савиќ, ќе се задржи убавината на Офицерскиот дом, ќе се врати стариот сјај, а сето тоа ќе биде што поблиску до оригиналниот објект, и додаде:-Надворешниот изглед ќе остане ист, а ќе се вградат посовремени материјали со што објектот ќе биде потраен. Ќе се изврши комплетна санација на фасадата, промена на дограмата која ќе биде од природно дрво и покривната конструкција. За внатрешниот  ентериер, кој беше прекрасен изработен од оригинални подни површини, од паркет и плочки, најатрактивни во тоа време, најдовме производители низ светот кои можат да ги изработат преку занаетчиска работа.Офицерскиот дом во Битола по комплетната реконструкција треба да заврши до крајот на година. Според проектот ќе се уреди и околу него, платото од јужната страна, објектите околу него во кои спаѓа и чешмата на северната страна, а ќе  се користи за културни настани.