Press "Enter" to skip to content

Преку отворени денови Славјанскиот универзитет им се претстави на матурантите-идни студенти (фото)

Деновиве, во просториите на Меѓународен Славјански Универзитет „Г. Р. Державин“ во Битола се одржаа отворени денови за 2019 година, а истовремено вакви настани се одржаа и во Свети Николе, каде и е седиштето на Универзитетот.Заинтересираните матуранти можеа да изберат во која од работилниците сакаат да влезат, односно во работилниците за психологија, правни науки, информатика, економија или безбедност.-На Меѓународен Славјански Универзитет „Г. Р. Державин“ во Битола беа организирани отворени денови во форма на саем, со отворени и забавни работилници, кои започнаа истовремено со работа и преку нив заинтересираните матуранти се запознаа со нашите  наставни програми, си ги проверија своите знаења и добија совет за своите идни кариери, рече Игор Михајловски, раководител.На овие отворени денови, на овие работилниците, присуствувале матурантите од Битола, Демир Хисар, Охрид, Струга, Крушево, Прилеп и Кавадарци, кои како истакнаа им се допаднал овој начин на претставување на студиските програми.Заинтересираните матуранти можеа да изберат во која од работилниците сакаат да влезат, односно во работилниците за психологија, правни науки, информатика, економија или безбедност.