Press "Enter" to skip to content

Чикмаците по “Охридска“ се постилаат со бехатон плочки (фото)

Oд денес жителите на дел од улицата “Охридска“ ќе се движат по уредена улица со бехатон плочки.Градоначалничката на Општина Битола, м-р Наташа Петровска, на терен изврши увид на спроведувањето на активностите од страна на екипите на фирмата „Коп Инжинеринг“ од Скопје, кои работат на поставување на плочките во овој дел од градот.Со бехатон плочки ќе биде уредена површина од 200 метри квадратни, а вкупната инвестиција на “Општина Битола“, за овој дел на улицата Охридска изнесува 200 000 денари.