Раководството на УKЛО и првите луѓе од единиците на Универзитетот одржаа работна средба со директори од средни училишта од неколку градови.
Станува збор за прва средба од ваков вид меѓу Универзитетот и средношколски институции во насока на постигнување на образовните цели, взаемно учество во профилирање на кадрите и унапредување на знаењата и компетенциите на младите луѓе. На средбата е оценето дека соработка со средните училишта е од големо значење за високообразовните институции.
Потребно е воспоставување постојана и целосна комуникација помеѓу средно и високо образование во однос на заемна помош, организирање различни настани, учество во заеднички проекти како и запознавање и подготовка на средношколците за студентските денови и запознавање со можностите за студирање на Универзитетот.
Обемот и формите на соработка меѓу УКЛО и средните училишта ќе се допрецизирааат со обединување на елементите на практичност, корисност и добробит не само за средношколците, студентите и образовните институции, за што ќе се формира работна група што ќе ја спроведува општествената одговорност ќе нуди решенија и за локалните заедници.
Со првата средба меѓу Универзитетот и средношколски институции УКЛО ја зајакнува конекцијата со средните училишта кои имаат партнерска улога со Универзитетот и ја реализира својата заложба да иницира активности во функција на зголемување на видливоста и студиските програми и воедно да се позиционира како клучен фактор во профилирањето на идните академски граѓани.

Раководството на УKЛО и деканите имаа средба со директори од средните училишта (фото)
More from ВестиMore posts in Вести »
- Македонска премиера на „Нема да ви се верува што се случи претходно“ на Срѓан Јаниќијевиќ на свеченото затворање на 47. ИФФК „Браќа Манаки“
- Во Битола облачно и постуденот, температурата до 18 степени
- Рустемовски освои бронза на Европското првенство, поразен во полуфиналето
- ЈКП “Водовод“ Битола: рекомтрукција на водоводна мрежа на “105-та“ улица
- Во Градскиот парк традиционален есенски крос





