Утрово членови на невладините организации “Сумнал“ – здружение за развој на Ромската заедница и Центарот за развој на ромската заедница “Баирска Светлина“ од Битола, во чест на прерано починатиот Нешат Аземовски, засадија брези и трендафили во дворот на ОУ “Ѓорѓи Сугарев“ во Битола.Со нив беше и сопругата на Аземовски, Фатма Бајрам Аземовска, а оваа еко-акција е во рамките на одбележувањето на Меѓународниот ден на Ромите, 8-ми Април кој што се обележува во чест на првиот Светски Конгрес на Ромите.
Да потсетиме, Нешат Аземовски, беше долгогодишен еко-активист и основач на невладината „Биосфера“, борец за здрава животна средина, иницијатор на активности за еколошка едукација и активности од други области, промотор на вредностите на мултикултуризмот, препознатлива личност со својот активизам не само во Битола и Македонија, туку и надвор од државата.