На улица „Македонска Фаланга“ патничко возило “фолксваген пасат“ со непознати регистарски ознаки, управувано од непознат возач, удрило во паркирано возило „лада самара“ со битолски регистарски ознаки, сопственост на С.Н. (60) од Битола, а потоа и во два метални столба. Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Битола. Се преземаат мерки за пронаоѓње на возилото и возачот и за целосно расчистување на случајот.
Во објектот на СВР Битола полициски службеници биле омаловажувани од лицето Љ.Р.(65) од Битола. По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.
Во СВР Битола било пријавено дека во настанал пожар во нива со садници сопственост на Љ.М.(59) од Битола. Според пријавеното, нивата била опожарена како последица на запалено стрниште во атар на село Бистрица. Се преземаат мерки за расчистување на настанот.






