Press "Enter" to skip to content

Кандидатот за претседател, Стево Пендаровски, се претстави пред битолчани на митинг (фотогалерија)

На митингот кој се одржа на плоштадот “Магнолија“ зборуваа претседателот на СДСМ и премиер – Зоран Заев и деканот на ФИКТ – Игор Неделковски.Претседатскиот кандидат наподдржан од СДСМ и коалицијата, Стево Пендаровски вечерва пред битолчани во своето обраќање се задржа на повеќе теми,  меѓу кои иселувањето на младите, слоганот на “Шарената револуција“- “Нема правда нема мир“, за новиот закон за СЈО…, а рече дека ова е генерација политичари кои ги решаваат проблемите кои се напластени од минатото.-Битола е еден од градовите кој масовно се вклучи во широкиот народен отпор кон диктатурата и дојде време за вистинска реализација на слоганот од шарената револуција. Основната парола на шарената револуција, на тој широк народен отпор кон диктатурата беше “Нема правда, нема мир“.  Како претседател на сите граѓани имам намера тоа да го почитувам до крај, рече Пендаровски.-Од заробена држава, денес ние сме единствената држава на Балканот која продуцира позитивни вести и добива позитивни критики од целиот свет. Дојде време за вистинска шанса за сите, и посебно за младите. Сега со влезот во НАТО, сите млади луѓе ќе имаат прва шанса овде да се вработат, да засноваат семејство и овде да ја бараат својата среќа. Никаде не е подобро од дома, секаде си туѓинец каде и да отидеш, а за да не ги гледаме нашите внуци на скајп, најдобро решение за Македонија е да влеземе во интеграциите, додаде Пендаровски.Пендаровски рече и тоа дека како претседател рано на утро ќе го потпише новиот закон за СЈО, а со тој ноз закон криминалите до крај ќе се истражат, а СЈО нема да биде за реваншизам, туку ќе биде и за луѓето од власта.Пред присутните се обрати и премиерот Заев кој пред да зборува за кандидатот им се обрати на битолчани и на здружението “За нас се работи“, за загадениот воздух, а зборуваше и за РЕК “Битола“.-Денес бев во РЕК “Битола“, и сакам сега пред битолчани дека со наши, народни пари, од буџетот на ЕЛЕМ и Владата, а не од грантови, ќе инвестираме во електростатски филтри  на оџаците на РЕК “Битола, за заштита на животната средина, оти ветивме, оти збор дадовме, од од заштедите, кои изнесуваат 20,4 милиони евра, рече Заев, и притоа ја пофали работата раководството на Комбинатот.-Сите сме зад вистинскиот кандидат, универзитетски професор, човек кој од претседателот Киро Глигоров учеше како треба, човек кој ги советуваше претседателите Борис Трајковски и Бранко Црвенковски, но исто така гледаше од Иванов како не треба. Пендаровски е комплетна личност која треба да ја води нашата земја токму во ова време кога се оди заедно и напред, рече Заев за Пендаровски и повика повика на масовно гласање и поддршка на претседателскиот кандидат Стево Пендаровски.На митингот прв говорник беше проф, д-р Игор Неделковски, декан на ФИКТ од Битола, кој во своето обраќање за задржа на образованито, на стидентите, на новите перспективи кои им се отвораат на студентите и младите со Евроинтеграциите.-Нема студент, кој не слушнал за европските образовни програми “Еразмус“ и други, кои им отврораат нови перспективи за доусовршување во некои од европските универзитети, а од таму, тука во Битола да се вратат со нови знаење кои ќе ги пренесат на своите колеги.