Press "Enter" to skip to content

Деновиве пред 10 години: Иванов, Фрчковски и Бошковски пред битолчани

Деновиве кога се актуелни митинзите за претседателски кандидати во Битола, ќе се потсетиме на претседателските избори кои се одржаа пред 10 години, во 2009 година, кога пред битолчани довербата ја бараа тројца кандидати, се сеќава Димче Миновски, доајен на битолското новинарство.

Таа, сега далечна 2009 година, според тоа што се случи за десет години на македонската политичка сцена, имавме прилика да видиме и да ги слушниме тројца кандидати за претседател на државата.

Тогаш за прв мандат се пријави се уште актулениот претседател Ѓорѓе Иванов како кандидат на ВМРО-ДПМНЕ, Љубомир Фрчковски како кандидат на СДСМ и Љубе Бошковски кандидат на Обединети за Македонија.