Деновиве “вртејќи“ по интернет и сојалните мрежи наидов на информација дека хотелот и ресторан “Капри“ одбележува 10 години од отворањето, па затоа оваа рубрика неделава е за нив, бидејќи мислам, а не само јас, сопственикот и вработените тоа го заслужуваат.
–Хотелот и ресторан “Капри“ е отворен април 2009 година, а претходно сопственикот под истот бренд работеше на две други локации, а почетоците на работењето, како пицерија им беа во Старата битолска чаршија, раскажува Димче Миновски, доајен на битолското новинарство.
Сега хотелот и ресторан “Капри“ е бренд кој е познат не само во Битола и државата туку и пошироко и добро им е познат како сега изгледа и како е дотеруван да биде една функционална средина, но преку 3-4 фотографии ќе се обидеме сопственикот, Никола Трпеновски и читателите да ги вратиме, точно пред 10 години, кога беше и отворен овој преубав објект.

Деновиве пред 10 години: април 2009 отворен хотел-ресторан “Капри“ (фото)
More from БитолаMore posts in Битола »
- Деновови пред 10 години: претседателите на Србија и Македонија, Николиќ и Иванов, на средба во Битола (фото)
- Деновиве пред 10 години: отворен тренинг на тогашниот селектор Лино Червар во Битола за потенцијалните репрезентативци (фото)
- 8. пат “Трчај бе со Алпско“ во Битола – спортски празник со над 1.500 учесници од 18 земји и многу публика, низ повеќе од 100 фотографии
- Деновиве пред 10 години: 37. издание на Фестивалот “Браќа Манаки“ – “Златна камера 300“ за Јани Петери – Паси (фото)
- Деновиве пред 10 години: свеченото отворен Рускиот конзулат во Битола (фотогалерија)





