Во полната со публика сала на Народниот театар во Битола, со концертот на џез-триото составено од Теодосиј Спасов, Тони Китановски и Виктор Филиповски, започна годинашното издание на “Џез-фактори фестивал“, а со тоа започна да се изведува и предвидената програма.
Теодосиј Спасов вечерва на битолчани им се престави во неговото препознатливо издание, како виртуоз на кавал, способен да интерпретира фолк мелодии на сопствен начин со оригиналн идеи за чија реализација соработува со музичари од различни жанрови, а вечерва тоа го направи со Тони Китановски и Виктор Филиповски.
Битолската публика која ја исполни салата во Народниот театар, кој е официјален партнер на фестивалот, уживаше во одличните изведби, а во придружната фестивалска (“оф“) програма за вечерва во клубот “Порта џез“ е закажан концерт на “Скопје Џез Инк“.
Во рамки на фестивалот, во Битола ќе се одржи и џез-работилницата со наслов „Џез фестивали, организација, вмрежување, мобилност на артисти“, на која ќе говорат уметници, гости од државата и странство.
Утре ќе настапи “Џоле Грујовски квартет“ и “Кабадајас“ во Битолскиот народен театар, а Лина Авшар концерт ќе има во “Камарите“.

Со настапот на џез-трио отворено второто издание на “Џез-фактори фестивал“ (фото)
More from КултураMore posts in Култура »
- Македонска премиера на „Нема да ви се верува што се случи претходно“ на Срѓан Јаниќијевиќ на свеченото затворање на 47. ИФФК „Браќа Манаки“
- Фотографијата како начин да се коментира светот: Кинематограферите Арамбашиќ, Драгичи, Лијанг и Кеир денеска на 47. ИФФК „Браќа Манаки“
- Добрата соработка со кинематограферот секогаш дава чудесни резултати: Лауреатите на 47.ИФФК „Браќа Манаки“ за работата за филм
- Мегафотогалерија: битолчани и нивните гости на црвениот тепих на 47. издание на “Манаки“ во Битола
- Нека започне новото филмско ткаење: Отворено 47. издание на ИФФК „Браќа Манаки“ во Битола (фотогалерија)





