Во НУУБ “Св. Климент Охридски“ – Битола се одржа промоција на научен труд од областа на библиотечното работење, прирачник “Библиографски опис на составни делови“ од авторите Валентина Дојчиновска-Илиоска, Наташа Бундовска и Софче Марковиќ, за кој зборување директорот на бибиотеката, Бојан Стефановски.
Промоторот на прирачникот проф. д-р Добри Петровски зборуваше за важноста од препознавањето на широката јавност на библиотечната дејност, особено за билиотечната професија која е со години на маргините од културната сцена.
-Држави кои имаат развиени библиотеки се воедно најразвиени во областа на економија, научно истражување, образование и развој на општеството, истакна проф. д-р Петровски кој што предава предметот библиотекарство на Педагошкиот факултет во Битола.
Овој прирачник кој претставува несомнено многу корисна алатка за библиотекарите кои се бават со каталогизација и изготвување на библиографии, кој се наметна како инструмент – прирачник кој ги вклучи сите правила за библиографски опис на составни делови.
Оваа монографска публикација ќе најде примена во сите библиотеки во државата како неопходен прирачник не само за библиотекарите, туку и за изведување и следење на обуката на новопримените вработени во секторот за каталогизација.
Присутните стручни лица, библиотекари од факултетските библиотеки, директори од регионот, училишни библиотекари, студенти и професори покажаа голем интерес за прирачникот.






