Press "Enter" to skip to content

Прес на Маја Андоновска-Илиевски, најава за фестивалот на монодрама

На прес-конференцијата која се одржа во хотелот-ресторан “Бела куќа“ покрај директорот на центарот за култура Маја Андоновска-Илиевски зборуваа и уметничкиот директор на НТБ Илина Чоревска и режисерот Игор Вук Торбица.

Директорот на центарот за култура Маја Андоновска-Илиевски, на денешната работна средба со новинарите го најави свеченото отварање на 21 Фестивал на монодрама во Битола.

-Свеченото отворање на фестивалот на мондрамата ќе биде со новата премиера “БАКХИ-краток преглед на распадот” на Народниот театар Битола во режија на гостинот Игор Вук Торбица, а мене во име на организаторот на фестивалот ми и драго тоа што го имаме Народниот театар од Битола како дел од фестивалот, а нивната нова премиера, со која тие ја отвораат сезоната, ќе биде изведена на отворањето на фестивалот.

Маја Андоновска-Илиевски рече дека она што им е скратено од Министерсвото за култура за фестивалот успеале да го надополнат со средства од општина Битола, јавните претријатие и други правни субјекти кои помогнале.-Тоа што оваа година ги немаме парите од Министерството за култура не значи дека ќе имаме полоша програма, туку тоа нема ниту да се почуствува во организација на фестивалот. Во таа насола ќе организираме и трибини на кои уметници, режисери, раководители ќе зборуваат за начинот на распределба на средства од Министерството и како тоа да се подобри.

Цената на влезниците за свеченото отворање и затворање е 200 денари, за дугите денови 100 денари, а комплет влезница за сите денови 500 денари.

More from КултураMore posts in Култура »