Press "Enter" to skip to content

Во градската кафеана на “Епинал“ презентацијaта “5 Courses“, вистинско доживување и уживање за сите сетила… (фотогалерија)

Сите гости кои присуствуваа на презентација со дегустација „5 Courses“ во ресторанот на градската кафеана Епинал уживаа во специјалитетите и сортните вина од винаријата “Тиквеш“.Последна презентација под име “Градска седенка“ за оваа сезона  беше вистинско уживање за сладокусците на добра храна и вино.  За се да биде беспрекорно и добро организирано се погрижи цел тим на ресторанот на градската кафеана “Епинал“.Секако тука почнувајќи од тимот во кујната, шеф Александар Видоевски, со својот прв асистент Наташа Мицевска кои во текот на вечерта требаше да ги послужат сите специјалитети од предјадење до десерт од менито на „5 Courses“ и тоа во минута, аранжирани секој на посебен начин за 50 гости.Шефот Александар  само на кратко ни кажа:

-Чувствувам голем притосок  бидејќи голем број гости мора да бидат опслужени и не сакам ниту еден гостин да биде незадоволен. Сакам оваие презентациии да бидат еден начин на поинакви специјалитети од кои сме навикнале и гостите да вкусат необични мешани вкусови и тоа солено, слатко… Аранжирањето претставува посебен предизвик за мене.

Под притисок беа и тимот на шанкот кои беа задолжени за послужувањето на сортните вина заедно со секој специјалитет. 5 различни сортни вина од винаријата “Тиквеш “ беа послужувани по ред во различни чаши. Гостите секако ја почуствуваа атмосферата која беше на високо професионално ниво и опуштено уживаа во храната, вино и музиката која исто така ги испочитува нивните желби свирејќи им на уво.-Ваква вечер долго не сум доживеал и со друштвото уживаме во необичните специјалитети кои секако дека ги пробуваме за прв пат и се сосема рзалични од нашата треадиционална кујна. Но, различните вкусови и бои заедно со сортните вина се секако нешто што не смее да се пропушти во животот. Професионалноста на цел тим од градасјта кафеана “Епинал“ се најзаслужни за оваа незаборавна вечер ни кажа еден расположен гостин.Атмосферата ви ја доловуваме со фотографии и зборови не се потребни. 

More from БитолаMore posts in Битола »