ОУ “Коле Канински“ го одбележува својот патронен празник со отворена недела и мото “Биди виножито над нечиј облак“
Во оваа недела на отворените денови со многу настани и активности во училиштето, а денес се одржаа и приредби во централното и подрачните училишта каде учествуваа учениците од одделенска настава.
-Денес се одржаа традиционалните училишни приредни кои ги подготвија учениците со своите одделенски наставници, а беа многу посетени од нашите учениците и родителите. Исто така во текот на неделата и други интересни настани. За утре е закажана театарска претстава во соработка со Завод за рехабилитација на деца со потешкотии во развојот “Кочо Рацин“со која се учествуваше на Фестивал на деца со потешкотии, како и спортски турнир во натпревари кои заедно ги организираме со ОУ “Св. Кирил и Методиј“, а се посветени на денот на македонските просветители, вели помошникот директор на ОУ “Коле Канински“, Жаклина Наумовска, која додава:
-Исто така за среда е планирана и промоција на книга напишана од ученичка во ОУ “Коле Канински“. Празнувањата ќе завршат со трибина во соработка со “ИМОР“ – невладина организација, а гостин на трибината че биде Билјана Гагачева неуропсихијатар.
Оваа година ОУ “Коле Канински“ го слави и јубилејот 75 години на основањето на училиштето, кое започна со настава во денешната урбана заедница на улица “Солунска“ под Камен Мост, за сега да работи во модерна зграда каде се сместени учениците од прво до деветто одделение, опремено со кабинети, со спортска сала…
-Со гордост можеме да кажеме дека нашето овогодинешно мото “Биди виножито над нечиј облак“ ги оправдува наште цели и задачи кои ги имаме како воспитно образовна институција со акцент на нашите ученици, заштита на нивните права, позитивна клима во училиштето, другарство наместо конфликти, рече Жаклина Наумовска.






