Press "Enter" to skip to content

Роденденска аматерска претстава „Различни, а сепак исти“ на Ангела и Бесјона (фото)

Во просториите на НУ Народен Театар – Битола се одржа роденденска аматерска претстава „Различни, а сепак исти“ од Ангела Пандовска и Бесјона Јусуфи. Тие пред една година ја издадоа истонасловената книга која е напишана на македонски и албански јазик, со цел да ги прикажат сите тие сличности на луѓето каде предрасудите и дискриминацијата ќе бидат само како минато.-Ние пред една година докажавме преку нашето дело дека сите на оваа планета сме исти бидејќи ги запознавме со поимите другарство и љубов, а дискриминацијата и предрасудите им ги ставивме во кутијата наречена минато. Вечерва го прославуваме првиот роденден на нашата книга, а тоа го прикажавме преку претстава која имаше хуманитарен карактер. Сеуште немаме одлучено каде овие средства ќе одат, но сепак мислиме дека ќе го направиме добриот избор, вели Ангела Пандовска.-Напорно ја подготвувавме оваа претстава веќе 3 месеци. Идејата беше на Ангела, која неуморно ги организираше сите учесници. Вечерва освен аматерската претстава, настапија и ФА Битола и КУД Башкими Битола со нивни кореографии, ја покажаа културата и традицијата со нивната носија. Претставата за жал не беше и на македонски и на албански јазик, но сепак имаше делови на албански како и на други држави кои учесниците сами си ги избраа, Бесјона Јусуфи.

More from КултураMore posts in Култура »