На меѓународните научно-книжевни средби “Петар Канавелиќ“ кои од 24 до 26 мај се одржуваат на Корчула, Хрватска, поетесата Мирјана Стојановска од Битола учествува со симпозиумска тема: “Барокните украси како допирни точки помеѓу македонскиот поет Григор Прличев и хрватскиот автор Петар Канавелиќ“.
Стојановска , исто така, се претстави со избор од својата поезија и презентазија на поемата “Бегалци од својот дом“.
На оваа научно -книжевна манифестација на Корчула која се одржува по петти пат , учествуваат поети и книжевници од: Хрватска, Црна Гора, Србија и Македонија.






