Press "Enter" to skip to content

Форум-театар изведоа средношколците од Земјоделско, против предрасудите (фотогалерија)

Денес во СОЗУ „Кузман Шапкарев“ во Битола, учениците од ова училиште изведоа форум театар со цел разбивање на предрасудите за земјоделските училиштата, а на настанот присуствуваа ученици и наставници од битолските училишта.Овој форум театар беше воедно и промоција на новите смерови во училиштето и квалитетното стручно образование воопшто. На гостите им посака добредојде и им се обрати за проектот, в.д. директорот на СОЗУ „Кузман Шапкарев“, Благојче Кривевски, кој рече:-Ќе ги прославиме активностите и напорот на учениците со цел да се промовира соживотот, меѓуетничката интеграција и кохезија во образовниот систем во нашата држава. Овој сеопфатен процес, во партнерство со Министерството за образование и наука, образовните институции и поддршката од УСАИД, ни овозможува како училишта да спроведуваме активности преку кои младите имаат простор за интеракција и соработка. Сакам посебно да им се заблагодарувам на учениците и наставниците за нивната безусловна работа, истовремено охрабрувајќи ги сите – родители и други наставници да се вклучат во ваков вид активности. Без сомнение е дека приоритет на нашата држава е интеграцијата и соработка на сите полиња, посебно во сферата на образованието, каде се темелат и градат вредностите.За проектот зборуваа и Марија Филиповска, психолог во СОЗУ „Кузман Шапкарев“ – Битола и професорот Владимир Илиевски.

Овој настан е финален продукт од нивното повеќемесечно учество на младите во креативни работилници, како дел од Проектот на УСАИД за меѓуетничка интеграција на младите во образованието. Целта на креативните процеси во коишто беа вклучени младите е да им се понудат креативни алатки и иновативни пристапи кои ќе придонесат за зајакнување на учеството на младите во меѓуетничкиот дијалог во училишната и пошироката заедница и да ги зголемат граѓанската свест и демократското однесување меѓу младите во државата.  Проектот на УСАИД за меѓуетничка интеграција на младите во образованието е петгодишна иницијатива за зајакнување на меѓуетничката кохезија меѓу младите и развој на демократските и граѓанските однесувања.Преку создавање можности за учениците да се дружат и да соработуваат на разни граѓански иницијативи, проектот негува позитивни интеракции помеѓу етнички разновидната младина на ниво на училиште и заедница.Проектот го имплементира Македонскиот центар за граѓанско образование во соработка со Младински образовен форум.

More from БитолаMore posts in Битола »