Гимназијата “Јосип Броз-Тито“ со низа пригодни активности и богата програма го одбележа патрониот празник – 25 Мај, Денот на младоста.
Во оваа прилика беа истакнати успесите на учениците во изминатата година, кои беа во голем број, наградите постигнати на регионални, државни и меѓународни натпревари, учествата во проекти и ученички размени, како и голем број други воннаставни активности кои се реализираа.
Активностите за одбележување на патрониот празник започнаа со меѓугенерациски спортски натпревари во ракомет и кошарка кои се одиграа во училишната спортска сала.
Следуваше учеството во едукативната изложба на плоштадот Магнолија, наречена “Прошетка низ Сончевиот систем”, во соработка со географското друштво „Геосфера“ и Астрономското друштво од Битола.
Прославата продолжи со приредба во НУ Завод и музеј Битола. На свеченоста се реализираа повеќе активности и тоа: изложба и модна ревија изработена од ученици, вклучени во проектот “Моја традиција, моја инспирација“, реализиран во соработка со НУ Завод и музеј Битола, исто така беше претставена и историска изложба насловена како “100 години од Македонскиот фронт“, а дел од програмата беше и аукциска изложба и продажба на дела насликани од вештите раце на учениците.
Самиот настан беше збогатен и со две претстави “Различни, но сепак исти“, која беше драматизација на книгата што две ученички ја издадоа пред една година, како и претставата “I hate Shakespeare“, изведена на англиски јазик. Изведен беше и модерен танц, проследен со DJ кој се погрижи за музичкиот дел во текот на целата приредба.
На крајот, одбележувањето продолжи со музичка програма, наречена “Македонска рок вечер“ со училишните бендови.

Горната гимназија го одбележа патрониот празник со богата програма (фотогалерија)
More from БитолаMore posts in Битола »
- Деновиве пред 10 години: Битола доби модерен терен со дренажен систем по највисоките стандарди и критериуми на УЕФА
- Деновиве пред 10 години: УКЛО Битола го прогласи Тома Фила за почесен доктор на науки (фото)
- Одбележана вековната традиција, градско-селски Велигден во Јенимаале во Битола (фото)
- Деновиве пред 10 години: во Битола десетина протести на ГДОМ за крај на кризата и вандализирањата на државните институции во Шарената револуција (фотогалерија)
- Погребението Христово, на Велик Петок, во црквата “Св. Недела“ во Битола (фотогалерија)





