Во НУУБ “Св. Климент Охридски” се одржа работна средба со библиотекари од Универзитетска библиотека на Стенден Универзитетот (Library Stenden University of Applied Sciences) од Леуварден (Leeuwarden) од Холандија.
Посетата на библиотекарите претставува продолжување на соработката меѓу двете институции која започна да се реализира уште во 2018 година, проект кој беше поддржан од Министерството за култура.
Тројцата библиотекари од Холандија – раководител Роналд Вијња (Ronald Wijnia), Маргриет ван дер Гиесен (Margriet van der Giessen ) и Симон Лендерс (Simone Leenders) – имаа работна средба со директорот на библиотеката м-р Бојан Стефановски и стручни лица на библиотеката, разговараа за функционирањето, стратегијата и визијата на нашата институција. Посетени беа повеќе оддели во Библиотеката, се водеа разговори за стручната работа, во одделите каталогизација и библиографии -демонстрирана беше COBISS програма за обработка на библиотечен фонд.
Остварена беше и работна посета на Ректоратот на Универзитетот “Св. Климент Охридски” во Битола. Во текот на работната средба со одговорните лица се водеа разговори во врска со соработката и можностите за поднесување на проекти, размена на студенти и размена на искуства.
Се одржа исто така и работна средба со директорката на Завод и Музеј во Битола со д-р Мери Стојанова, се разговараше за можности за соработка во повеќе области. Гостите ја посетија музејската поставка, античкиот град Хераклеја, како и најстариот дел на градот.

Холандски библиотекари во посета на битолската библиотека (фото)
More from КултураMore posts in Култура »
- Промоција на преводот на англиски на романот “Три Марии“ на Оливера Ќорвезировска (фото)
- Здружението за зачувување на делото на Анте Поповски го објави конкурсот за наградата “Антево перо 2026“
- Доделени наградите на фестивалот на монодрама, Гран при за “Ноти“ во изведба на романската актерка Андреа Танасе (фотогалерија)
- Филмот како мода: „Креативен ден 2026“ ја претвори сцената во визуелен спектакл (мега фотогалерија)
- Денес затворање на Фестивалот на монодрама со доделување награди и претставата “Гидионовиот јазол“





