Синоќа во малата сала на НУ Центар за култура, се одржа матурски концерт на баритонот Наум Наумоски, матурант на Државното музичко училиште од Битола од класата по соло пеење на проф. Маја Митровска.
На концертот, беа изведени дела од предкласични до современи композитори.
Гостин на концертот беше сопранот Елеонора Џоџоска, а уметнички соработник проф. м-р Александра Јанковска.
Концертот беше повод да се спомене името на дедото на Наум, проф. Пеце Митревски кој оставил многу поколенија музичари зад себе, меѓу кои и Маја Митровска, која со краток говор и изведба на оперска арија од В. Белини, му оддаде почит на нејзиниот професор.
Во преполната концертна сала присуствуваа Архимандрит г-дин Партениј – игумен на свештената Бигорска обител, професори од ДМУ – Битола, бројни музичари од нашиот град и многу убава публика.
Матурски концерт кој покрај одлилните изведби ќе остане запаметен по многу емоции во салата и долгите аплаузи.

Матурски концер на Наум Наумоски со одлични изведби и многу емоции (фотогалерија)
More from КултураMore posts in Култура »
- Промоција на преводот на англиски на романот “Три Марии“ на Оливера Ќорвезировска (фото)
- Здружението за зачувување на делото на Анте Поповски го објави конкурсот за наградата “Антево перо 2026“
- Доделени наградите на фестивалот на монодрама, Гран при за “Ноти“ во изведба на романската актерка Андреа Танасе (фотогалерија)
- Филмот како мода: „Креативен ден 2026“ ја претвори сцената во визуелен спектакл (мега фотогалерија)
- Денес затворање на Фестивалот на монодрама со доделување награди и претставата “Гидионовиот јазол“





